Достапни линкови

logo-print

ИД ги зајакнува силите во ирачкиот град Рамади


Милитантите на Исламската држава, според извештаите, ги зајакнале своите сили во ирачкиот град Рамади, кој е под нивна контрола од минатата недела. Локални жители соопштија дека камион со припадници на Исламската држава пристигнал доцна синоќа во покраината Анбар, каде што се наоѓа градот.

Ирачките сили поддржани од шиитската милиција и сунитските борци денеска ја преземаа контролата врз селото ал Таш, кое се наоѓа на 20 километри од Рамади.

XS
SM
MD
LG