Достапни линкови

Расте бројката на жртви во Тунис


Туниското министерство за одбрана соопшти дека седум војници загинале кога нивен колега отворил оган врз нив во воена база во Тунис. Портпаролот на министерството Белхасен Куеслати изјави дека војникот, кој се самоубил после нападот имал психолошки проблеми. Десет војници се наоѓаат во тешка состојба. Се уште не се знае причината за нападот.

XS
SM
MD
LG