Достапни линкови

Заеднички воени вежби на Артикот


Околу 100 борбени авиони и 4000 војници од САД и осум европски земји денеска започнаа вежби на Артикот. Вежбите во Норвешка, Шведска и Финска се со цел да се тестира соработката меѓу артичките земји кои се наоѓаат во близина на Русија. Според соопштението, учесниците на вежбите ќе бидат обучени за извршување комплексни воздушни напади во соработка со партнерите на НАТО. Спроведувањето на вежбите кои ќе траат до 5 јуни беше испланирано пред руската анексија на Крим, која предизвика тензии во регионот.

XS
SM
MD
LG