Достапни линкови

Напад на талибанците во Авганистан, 5 жртви


Авганистанските власти соопштија дека 5 луѓе загинале, а 62 биле повредени во самоубиствен бомбашки напад во јужната покраина Забул. Локалната полиција соопшти дека нападот се случил пред влезот на зградата на покраинскиот совет во градот Калат. Според полицијата, бомбашот самоубиец го активирал експлозивот во мал камион. Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG