Достапни линкови

Даниелсон-Политичка одговорност за доверба во институциите


Генерален директор за проширување во Еропската Комисија, Кристијан Даниелсон

Генерален директор за проширување во Еропската Комисија, Кристијан Даниелсон

Генералниот директор за проширување во Еропската Комисија, Кристијан Даниелсон изрази загриженост за нападот во Куманово и порача дека е важно случајот соодветно да се истражи и да не бидат предизвикани меѓуетнички тензии во земјата. Тој во интервју за интернет мрежата European Western Balkans нагласи и дека не треба да се оттргнува вниманието од сериозната политичка криза во Македонија.

Според него, власта и опозицијата треба да се ангажираат во коннструктивен политички дијалог, помогнати од тројцата членови на Европскиот Парламент. Тој смета и дека мора да има политичка одговорност за да се врати довербата во институциите и сите тврдења за можни потенцијални нерегуларности треба независно и транспарентно да се истражат.

XS
SM
MD
LG