Достапни линкови

Оптимизам пред утрешната лидерска


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Излез од кризата ќе се постигне преку политички дијалог, но прашање е дали до договор може да дојде во скоро време или ќе треба да се почека.

По долгочасовните разговори на претставници на двете страни минатата недела во Стразбур, утре лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ со своите колеги од ДУИ и ДПА повторно ќе седнат на лидерска средба во Скопје.

Не дека очекувам, туку сум прилично сигурен дека преговорите се развиваат со сериозно темпо. Не верувам дека тие таму останале 10 часа само за да се оговараат и да се препукуваат.

Двете страни по состанокот во Стразбур се доста молчаливи околу содржината на тоа што е разговарано, но дел медиуми веќе шпекулираат дека се зборувало и за некаква форма на нова техничка или преодна влада, што е главно инсистирање на СДСМ, а крајно неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ, но за ова нема никаква официјална потврда.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Единствено лидерот на опозиската партија Зоран Заев по средбата рече дека бил оптимист поради сериозното ангажирање на високи функционери на ЕУ. Според неговата оцена, пораките биле позитивни, а разговорите давале шанса за почеток на вистински преговори за сите точки.

Не треба да има никакви дилеми дека решение ќе се најде, само прашање е кога. Лично не сум оптимист дека тоа ќе биде брзо, бидејќи разликите и појдовните основи на двете страни се доста оддалечени една од друга и нема да биде лесно, особено за опозицијата да отфрли некои нелогични и нелегитимни барања, а тоа значи дека ќе треба да се почека подолго време за излез од оваа криза.

И упатените во пресрет на утрешната средба сметаат дека преку политичкиот дијалог е можно да се најде решение. Аналитичарот Алберт Муслиу смета дека уште утре може да се наѕираат неговите контури

„Не дека очекувам, туку сум прилично сигурен дека преговорите се развиваат со сериозно темпо. Не верувам дека тие таму останале 10 часа само за да се оговараат и да се препукуваат, така што мислам дека веќе рамките на преговорите ги воспоставиле и нормално, тоа е преговарачки процес во кој секога страна се труди да добие што повеќе за себе“, вели Муслиу.

Поранешниот дипломат Ристо Никовски, пак, не сака да прогнозира до кога е можно да се очекува решение.

„Не треба да има никакви дилеми дека решение ќе се најде, само прашање е кога. Лично не сум оптимист дека тоа ќе биде брзо, бидејќи разликите и појдовните основи на двете страни се доста оддалечени една од друга и нема да биде лесно, особено за опозицијата да отфрли некои нелогични и нелегитимни барања, а тоа значи дека ќе треба да се почека подолго време за излез од оваа криза“, вели Никовски.

Инаку од почетокот на политичката криза досега имаше неколку средби на тимови од двете партии во Брисел со посредство на пратеници од Европскиот парламент. Во Скопје, пак, досега се одржаа две лидерски средби на кои присуствуваа амбасадорите од САД и од ЕУ. По средбата во Стразбур е најавено дека во земјава ќе допатува и специјален претставник на Европската унија кој треба да го олеснува дијалогот.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG