Достапни линкови

Хуманитарна помош за Јемен


Брод со 460 тони хуманитарна помош пристигнал во јеменското пристаниште Аден каде што од борбите десетици илјадници луѓе се наоѓаат без основни здравствени и прехранбени продукти. Аден е разорен од жестоките борби меѓу шиитските Хути бунтовници поддржани од силите лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех и борците кои го поддржуваат претседателот Абд Рабу Мансур Хади кој е во егзил во Саудиска Арабија. Обединетите нации соопштија дека над 2 илјади луѓе биле убиени во Аден од март годинава. Во меѓувреме, е одложена најавената конференција на која требаше да бидат обновени мировните разговори за Јемен. Таа требаше да се одржи на 28 овој месец во Женева.

XS
SM
MD
LG