Достапни линкови

ИД егзекутирала над 200 луѓе во Сирија


Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека милитантите на Исламската држава егзекутирале најмалку 217 луѓе во и околу античкиот сириски град Палмира откако го освоија пред десетина дена. Меѓу егзекутираните имало 67 цивили меѓу кои 14 деца и 12 жени, изјави директорот на опсерваторијата Рами Абдел Рахман, додавајќи дека биле убивани цели семејства. Најмалку 220 илјади луѓе биле убиени во Сирија од почетокот на граѓанската војна во март 2011 година.

XS
SM
MD
LG