Достапни линкови

logo-print

САД, Бугарија и Романија утре ќе одржат воена вежба во Црното Море


Дванаесет романски воени бродови, американски разурнувач и бугарски брод, како и околу 1.500 војници ќе учествуваат во периодот од 25 до 28 мај во воената вежба „Посејдон Тризабец 2015“ во територијалните води на Романија и во меѓународните води на Црното Море. Вежбата има за цел да ја зајакне соработката меѓу силите на НАТО во услови на различни закани во рамки на операција за одговор при кризи, вклучувајќи и акција за евакуација на цивили од зона на конфликт, која ќе се спроведе на военото пристаниште Костанца на 27 мај, се наведува во соопштението на Романските воено-поморски сили. „Посејдон Тризабец 2015 “ е вежба, која е замислена, организирана и раководена од Романските воено-поморски сили, а во делот на евакуација на цивили ќе учествуваат и сили на Инспекторатот за вонредни ситуации во Добруџа, на Крајбрежната стража, на Групата за нафтени услуги и на Медицинската дирекција. Бугарскиот воен брод се вкотвил во пристаништето Костанца во петокот. Американскиот воен разурнувач со ракети „Рос“, кој синоќа го мина Босфорот се уште патува кон местото на одржување на вежбата. Американскиот ескадрен миноносец се очекува денеска да пристигне во Констанца.


XS
SM
MD
LG