Достапни линкови

logo-print

Саудискиот крал побара да се казнат сите поврзани со терористичкиот напад


Саудискиот крал Салман го опиша смртоносниот терористички бомбашки напад на шиитската џамија како “гнасен терористички напад”. Денеска тој побара да се казни како што рече секој учесник, планер, поддржувач, соработник или симпатизер. Претходно официјален Ријад соопшти дека бомбашот самоубиец кој на 22 мај уби 21 лице бил саудиски државјанин поврзан со Исламска држава. Министерството за внатрешни работи го идентификува како Салих бин Абд ал-Рахман кој бил баран од властите поради учество во саудиска екстремистичка група лојална на Исламска држава.

XS
SM
MD
LG