Достапни линкови

logo-print

Саудиска Арабија:Идентификуван бомбашот самоубиец од 22 мај


Саудиска Арабија соопшти дека бомбашот самоубиец кој на 22 мај уби 21 лице во шиитска џамија бил саудиски државјанин поврзан со милитантната група Исламска држава. Портпаролот на министерството за внатрешни работи го идентификуваше напаѓачот како Салих бин Абд ал-рахман кој бил баран од властите како припадник на саудиска екстремистичка група лојална на ИД. Саудиската државна новинска агенција СПА јави дека министерството за внатрешни работи уапсило 26 членови на групата од 22 мај кога бомбашот самоубиец се разнесе во џамијата во источниот регион Ќатиф. Групата и тогаш ја презема одговорноста за нападот. Саудиска Арабија е управувана од кралското сунитско семејство и има помала група на Шиити кои тврдат дека владата ги дискриминира.

XS
SM
MD
LG