Достапни линкови

Претседателски избори во Полска


Милиони Полјаци денеска гласаат за претседател на изборите кои според досегашните испитувања на јавното мислење немаа посебен фаворит. Досегашниот шеф на државата Бронислав Коморовски е речиси изедначен со својот противкандидат, конзервативецот Андрзеј Дуда кој имаше мало водство во првиот круг кој се одржа на десетти мај, но ги немаше потребните 50 отсто. Победата на 43 годишниот Дуда ќе биде првата голема изборна победа во последниве речиси десет години за опозициската Партијата на законот и правдата откако центродесничарксата Граѓанска платформа на Коморовски ја води земјата. Премиерот ја води владата во Полска, но претседателот е главен на вооружените сили, има влијание во надворешната политика и во законите поврзани со контролата на централната банка.

XS
SM
MD
LG