Достапни линкови

logo-print

Ирачките сили напредуваат кон Рамади


Ирачките владини сили поддржани од шиитските бунтовници и сунитските племенски борци преземаа територија која минатата недела падна во рацете на борците од Исламска држава и продолжуваат да напредуваат кон северниот град Рамади. Локалниот сунитски лидер Амир Ал-Фадави како што пренесуваат агенциите изјавил дека комбинираните сили сега го контролираат градот Хусаиба ал-Шаркија кој се наоѓа десет километри источно од Рамади, а планот е да продолжат со потиснување на борците од ИД.
Во меѓувреме бунтовничката група ја преземала целосната контрола на преминот на иранско-сириската граница, откако ирачките сили се повлекоа.

XS
SM
MD
LG