Достапни линкови

Авганистан:10 полицајци загинаа во талибански напади


Во повеќе талибански напади на полициски пунктови во јужната авганистанска провинција Хелманд загинаа најмалку десет полицајци, а 16 се повредени. Локалните власти соопштија дека рано утринава биле нападнати три полициски пункта во областа Сангин, а талибанските напади потоа продолжиле. Нападот доаѓа во период на неколку месечна офанзива во провинцијата Хелманд во која често мета се и авганистанските полицајци.

XS
SM
MD
LG