Достапни линкови

Убиен еден од лидерите на проруските сепаратисти во Украина


Водечкиот проруски сепаратистички водач во источна Украина Алексеј Мозговој бил убиен заедно со шест други бунтовници во напад од непозната група, јавуваат медиумите. Прес сервисот на украинскиот регион Луганск контролиран од сепаратистите вчера соопшти дека Мозговој бил убиен кога неговата кола екслодирала а напаѓачите пукале кон неа соавтоматско оружје. Инцидентот се случил во близина на градот Алшевск кој е контролиран од сепаратистите, односно околу 30 километри од линијата на фронтот. На никој од другите загинати засега не им се знае идентитетот. Досега имаше неколку обиди за атентат врз Мозговој, последниот во март.

XS
SM
MD
LG