Достапни линкови

Евровизија:Поништени гласовите на Македонија и Црна Гора


Резултатите од гласањето на Македонија и на Црна Гора беа дисквалификувани на синоќешното евровизиско финале јавуваат странските медиуми повикувајќи се на соопштението на организаторите на Евросонг 2015. Во него се наведува дека резултатите од гласањето на Македонија и на Црна Гора биле поништени по консултацијата со Прајсватерхаус Куперс, независен набљудувач на гласањето и по одлуката на извршниот супервизор и на претседавачот со референтната група.

“Во двете земји гласовите се сто отсто од телевоунтингот. Исклучувањето на двете земји ќе биде дискутирано на следниот состанок на референтната група во јуни” се наведува во соопштението.

Инаку на синоќешното издание на Евровизија што се одржа во Виена, со 365 гласа победи швеѓанецот Монс со песната Херои.

XS
SM
MD
LG