Достапни линкови

САД загрижени за рускиот закон за НВО


Соединетите држави се загрижени од новиот руски закон со кој како што наведуваат ќе се забранат сите непосакувани невладини организации. Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот на 23 мај. Со него им се дава право на државните обвинители да ги стават на црна листа странските организации кои работат во Русија и се “закана за руските одбранбени способности, безбедноста, јавниот ред или јавното здравје”. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Марие Харф рече дека ова може да доведе до понатамошни намалувања на работата на граѓанското општество во Русија и е уште еден пример за зголемената пресметка на Кремљ со независните гласови и намерни чекори да се изолираат руските државјани од светот. Законот кој помина во двата дома на рускиот парламент претходно неделава исто така предвидува поединците кои работат во такви организации во Русија да бидат соочени со високи казни или пак затвор.

XS
SM
MD
LG