Достапни линкови

Авганистан:Двајца загинати во екплозија на автомобил бомба


Авганистанските власти соопштија дека во експлозија на автомобил бомба загинале две лица, меѓу кои и административниот шеф на регионот во југот од земјата. Асошиејтед прес јавува дека во експлозијата бил убиен Мохамед Исмаил Хагијар и неговиот телохранител, а било повредено уште едно лице. Засега ниту една група не ја презема одговорноста за нападот. Tалибанските бунтовници често користат автомобили бомби и изведуваат самоубиствени бомбашки напади против авганистанските безбедносни сили и владините претставници.

XS
SM
MD
LG