Достапни линкови

Ирак:Преземена територија од борците од ИД


Ирачките сили, како што се јавува, ја преземале територијата источно од градот Рамади од бунтовниците од Исламска држава. Француската агенција АФП која цитира неименуван извор јавува дека операцијата почнала рано утринава, а целта била да се преземе градот Хусајбах кој се наоѓа источно од главниот град на провинцијата Анбар. Ова е прв противнапад од владата откако борците од ИД пред една недела го освоија Рамади што се сметаше за нивни најголем успех во последнава година. Новинските агенции јавуваат дека ирачките владини сили успешно се справуваат со нападите од ИД. Во меѓувреме САД и сојузниците спроведоа 22 воздушни напади на цели на ИД вклучувајќи и четири цели во близина на Рамади.

XS
SM
MD
LG