Достапни линкови

ЗНМ:Животот на новинарите во Македонија е сериозно загрозен


Здружението на новинарите на Македонија е сериозно загрижено од ескалацијата на насилство против новинари откако вчера вечер двајца маскирани напаѓачи со метални шипки физички го нападнале новинарот Сашe Ивановски, се наведува во денешното соопштение на новинарската организација. Според ЗНМ нападот на Ивановски е најсериозен од низата напади против новинари, кој можел да има фатални последици, а насилниците имаат за цел да внесат страв и несигурност меѓу новинарите и да ја ограничат слобода на изразувањето.

“Силно го осудуваме овој хулигански чин и бараме веднаш да престанат ваквите оркестрирани напади против новинарите. Ја предупредуваме домашната и странска јавност дека животот на новинарите во Македонија е сериозно зaгрoзен. Бараме од Обединетите нации, Европската Унија, Американската влада, Советот на Европа и ОБСЕ веднаш да интервенираат кај македонската влада за да се обезбеди сигурност на македонските новинари и да се престане со практиката на неказнување на насилство против новинари, кое може да доведе до трагични последици”се наведува во соопштението.

ЗНМ од 2011 година до сега регистрирале 19 физички напади против новинари и досега, како што наведуваат ниту еденод нив нема судска разрешница.

XS
SM
MD
LG