Достапни линкови

Сирија: Артефактите од музејот во Палмира безбедни


Борците од Исламска држава влегле во музејот во античкиот сириски град Палмира но музејските експонати се тргнати и сигурни. Агенцијата Асошиејтед прес го цитира шефот на оделот за антиквитети и музеи во главниот град Дамаск според кој бунтовниците влегле во музејот вчера но сите работи од музејот веќе биле преместени на сигурно. Борците на ИД ја заземаа Палмира на 20 мај и од тогаш пораснаа грижите низ светот дека ќе го уништат непроценливото историско наследство, 2000 години старите храмови и споменици лоцирани на истокот од градот. Групата веќе уништи неколку историски важни места во Сирија и Ирак. Грабнатите артефакти потоа ги продаваат на црниот пазар.

XS
SM
MD
LG