Достапни линкови

logo-print

Русија ќе заземе поцвсрта позиција ако Украина не го отплати долгот


Рускиот премиер Димитри Медведев рече дека Москва ќе преземе поцврста позиција ако Украина одлучи да не ги отплати долговите направени од претходната влада. Зборувајќи во интервју за руска телевизиска станица денеска Медведев рече дека Русија ќе ги брани своите национални интереси. Претходно неделава украинскиот парламент одобри закон кој и дава право на владата да не ги плати долговите кон меѓународните кредитори во согласност со новите договарања околу условите за плаќање. Русија има околу три милијарди долари во украински хартии од вредност чија целосна отплата треба да се реализира до крајот на годинава.
Медведев исто така рече дека руската влада има право да дозволи на својата валута рубљата да варира и дека тоа било оптимално за да се постигне баланс на надворешниот пазар со валути. Рубљата изгуби околу третина од својата вредност во однос на американскиот долар во последната година.


XS
SM
MD
LG