Достапни линкови

РСЕ го затвори бирото во Баку, програмата продолжува


Радио Слободна Европа го затвори своето биро во Баку откако азербејџански власти ги запечатија канцелариите минатиот декември во рамки накампањата предводена од владата против странските организации.

Извршниот уредник на Радио Слободна Европа Ненад Пејиќ рече дека азербејџанските власти се однесувале нелегално и произволно предизвикувајќи длабоки, а во неколку случаи и постојани страдања и преместувања на вработените во радиото и нивните семејства.

Тој додаде и дека компанијата е спремна да ги преземе сите чекори за бранење на правата и интересите на вработените, а против владините акции. Тие акции вклучуваат упад во бирото на РСЕ во Баку, запленување на документите и опремата на компанијата без процес, притворање на вработените во бирото без присуство на правни застапници, закани до роднините на вработените и забраната за патувања за дел од новинарите.

Но сервисот на РСЕ во Азербејџан продолжува со своето известување во земја на дигитални и сателитски платформи и покрај затворањето на бирото.

XS
SM
MD
LG