Достапни линкови

Ирачката војска одговорила на напад од ИД


Ирачките владини сили денеска одговориле на напад од борците од Исламска држава кои се обидувале да заземат стратегиски град во провинцијата Амбар, јавуваат агенциите. Според очевидци и неименувани претставници на власта, владините сили поддржани од локалните војници се пресметувале со милитантите од ИД во Калдија, блиску до воената база која се наоѓа меѓу градовите Фалуџа и Рамади. Се јавува за жестоки борби иако се уште нема информации за последиците. Ваквите извештаи не се потврдени од независни извори. До борбите дојде откако борците од Исламска држава го заземаа клучниот град Рамади пред една недела. Преземањето на Рамади се гледа како на најголемата победа на ИД откако ирачката војска и коалицијата предводена од САД почнаа со воените акции против радикалните исламисти пред една година.

XS
SM
MD
LG