Достапни линкови

Ирска:Се бројат гласовите од референдумот за истополови бракови


Властите во Ирска почнаа со броењето на гласовите од историскиот референдум одржан вчера за тоа дали да се дозволат истополови бракови. Според извештаите и владините министри и опонентите сметаат дека предлогот ќе помине. Конечните резултати се очекуват подоцна денеска. Ројтерс го цитира ирскиот министер за еднаквост кој рекол дека смета оти ќе победат и оти е горд што е Ирец. Доколку предлогот помине традиоционално католичката Ирска ќе биде првата земја која ги одобрила истополовите бракови преку референдум.

XS
SM
MD
LG