Достапни линкови

Обама доби поголеми овластувања за трговските договори


Сенатот контролиран од републиканците му ја донесе главната победа на американскиот претседател Барак Обама одобрувајќи го неговото барање за поголеми овластувања во преговарањата и склучувањата на трговски договори. Сенатот со 62 гласа за и 37 против го поддржа барањето на Обама за закон кој ќе му овозможи за преговара трговски договори кои конгресот може да ги ратификува или отфрли, но не може да ги измени. Ова ќе му овозможи на американскиот претседател да ги заврши преговорите за трговскиот договор со земјите од азиско-пацифичкиот регион, а потоа да прејде на прекуатланскиот трговски договор со посредство на Европската унија.

XS
SM
MD
LG