Достапни линкови

Груевски во Ватикан по повод чествувањето на Денот на светите Кирил и Методиј


Премиерот Никола Груевски заедно со владината делегација во чиј состав е министерот за надворешни работи Никола Поповски и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска ќе престојуваат во Ватикан по повод чествувањето на 24-ти мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Планирано е, да се одржи аудиенција кај неговата светост Папата Франциско, а, како што е најавено, ќе се оствари и средба со државниот секретар на Ватикан кардиналот Пиетро Паролин. Во посета на Рим и Ватикан, каде што ќе се одржи молебен на гробот на свети Кирил, во базиликата „Св. Климент Римски”,е и делегација на Македонската православна црква Охридска епископија (МПЦ-ОА),предводена одархиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Претставниците на МПЦ ќе имаат прием и средба со папата Франциско, а ќе посетат и други институции и институти на Ватикан и Италија, соопшти денеска Канцеларијата на Светиот архиерејски синод на МПЦ -ОА.

XS
SM
MD
LG