Достапни линкови

logo-print

Украина:Заробените Руси тврдат дека ги следеле наредбите на Москва


Двајцата осомничени руски војници заробени во источна Украина рекле дека биле на мисија за руската армија во моментот кога биле приведени, што е спротивно од тврдењата на Москва дека двајцата не биле активни војници. Во видеото објавено вчера на интернет страницата на рускиот весник Новаја Газета едниот војник вели дека неговото приведување од украинските сили покажува дека руската војска оперира во регионот на источна Украина каде што сепаратистите поддржани од Москва се борат против владините сили. Зборувајќи од болницата во Киев тој вели дека таквото признание не е во интерес на руските власти.

XS
SM
MD
LG