Достапни линкови

logo-print

Амбасада на САД:Апсурдни се тврдењата дека Западот ја дестабилизира Македонија


Апсурдни се обвинувањата дека САД се вмешани во заговор за дестабилизација на Македонија, реагира Американската амбасада во Скопје вo врскa сo изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лaврoв декa Западот стoи зад aктуелните случувaњa вo Мaкедoнијa.

“Неодамнешните обвинувања дека САД или некои американски организации се инволвирани во заговор за дестабилизација на Македонија се апсурдни. Соединетите Американски Држави сакаат мир и стабилност во Македонија, како дел од нашата постојната цел за “Европа цела, слободна и мирна“. Македонските граѓани и нејзините лидери сакаат да се вклучат во ЕУ и НАТО, знаејќи дека тоа е најдобриот пат за безбедна и просперитетна Македонија. Ние целосно се согласуваме со тоа” се вели во реакцијата на амбасадата на САД која ја пренесува МИА.

XS
SM
MD
LG