Достапни линкови

НАТО одреди датум за самитот во Варшава


НАТО соопшти дека самитот во Варшава закажан за наредната година ќе се одржи на 8 и 9 јули. Според соопштението, самитот ќе се случи во клучно време за алијансата, додека е разнишана безбедноста и на истокот и на југот. Коментарот се однесува на руската вмешаност во Украина и заканата од исламскиот екстремизам.

На последниот самит во Велс во септември минатата година, НАТО се согласи на акционен план со кој ќе се прилагодат земјите членки на новото безбедносно опкружување. Полска и останатите балтички земји соопштија претходно дека ќе бараат постојано присуство на НАТО силите на нивна територија, поради зголемените воени активности на Русија.

XS
SM
MD
LG