Достапни линкови

logo-print

Финска испрати писма до резервистите


Финската војска испрати писма до 900 илјади резервисти за да ги собере нивните контакт информации и да ги потсети за нивните должности во услови на војна. Во писмата кои првично беа испратени на почетокот на месецов им се порачува на резервистите дека треба да се пријават на должност во случај на непријателство.

Примателите соопштија дека за прв пат добиле такви писма после многу години. Владата негира дека чекорот е поврзан со кризата во Украина или поради зголемените тензии со Русија.

XS
SM
MD
LG