Достапни линкови

Шимоновиќ – Потребна меѓународна соработка за истрагата за Куманово


Од суштинска важност е резултатите од истрагата за трагичните настани во Куманово да бидат прифатени како веродостојни од сите страни, вели помошник генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права Иван Шимоновиќ.

Во истрагата за трагичните настани во Куманово, ќе треба и меѓународна соработка, а македонските власти, во комуникација со меѓународните партнери, треба да одлучат каков вид на истрага ќе спроведат. Ова му го кажав и на јавниот обвинител Марко Зврлевски, рече денеска помошник генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права Иван Шимоновиќ на прес-конференција во Скопје.

„Оваа истрага има своја правна, законска димензија, но има и политичка димензија. Од суштинска важност е резултатите од истрагата да бидат прифатени како веродостојни од сите страни.

„Оваа истрага има своја правна, законска димензија, но има и политичка димензија. Од суштинска важност е резултатите од истрагата да бидат прифатени како веродостојни од сите страни“, рече Шимоновиќ.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски претпладнево за нашето радио не сакаше да ги коментира предлозите на странците за спроведување на меѓународна независна истрага околу случајот Куманово. Тој сепак изјави дека Jавното обвинителство и институциите во државата имаат капацитет да спроведат апсолутно независна и компетентна истрага.

Шимоновиќ денеска се сретнал со претседателот Ѓорге Иванов, министерот за внатрешни работи Митко Чавков, Јавниот обвинител Марко Зврлевски, Народниот правобранител Иџет Мемети, како и со претставници на опозицијата и граѓанското општество.

Ние сме загрижени од стеснувањето на демократскиот простор, како што е слободата на изразувањето, слободата на медиуми и притисоците врз граѓанското општество.

Тој рече дека неговата посета на Македонија била предизвикана од политичката криза која дојде по наводите за масовно прислушување, што значи и масовна повреда на човековите права. Содржината на разговорите, пак, укажува дека можеби биле извршени и други повреди на човековите права. Дополнително на тоа, трагичните настани во Куманово го зголемија чувството на небезбедност, вели Шимоновиќ.

Тој рече дека доаѓа во Македонија како загрижен пријател.

„Ние сме загрижени од стеснувањето на демократскиот простор, како што е слободата на изразувањето, слободата на медиуми и притисоците врз граѓанското општество. Дополнително на стеснувањето на демократскиот простор, јас сум исто така загрижен и поради предизвиците во областа на владеење на правото“, рече Шимоновиќ.

Тој рече дека има потреба од брза, сеопфатна и независна истрага и за аферата „Прислушување“ и за трагичните настани во Куманово.

Шимоновиќ го поздрави отворањето на дијалогот меѓу владата и опозицијата и оцени дека е неопходно во дијалогот да се вклучи и граѓанското општество.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG