Достапни линкови

Пресуди за 9 притворени при нередите на 5 Мај


Во скопскиот Кривичен суд денеска се одржа судење на втората група демонстранти, деветтината кои беа притворени поради нередите и насилствата на протестите на 5 мај, пред Владата на Република Македонија. Обвинети се за кривично дело - учество во толпа.

Осум од вкупно деветте обвинети демонстранти денеска добија условни казни од 3 месеци, a друг доби 10 месеци затвор, бидејќи е веќе осудуван за слично дело.

Од страна на демонстрантите вината за протестите на 5 мај е признаена.

Пред судот изјавиле дека никој не им вршел притисок да ја прифатат и признаат вината, ниту пак некој им се заканувал.

XS
SM
MD
LG