Достапни линкови

ИД го освои последниот премин меѓу Ирак и Сирија


Милитантите на Исламската држава успеале го освојат и последниот граничен премин кај градот Рамади меѓу Ирак и Сирија кој дотогаш бил контролиран од сириските сили. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека милитантите на Исламската држава кои го освоиле градот Палмира во Сирија обезглавиле 17 луѓе, обвинувајќи ги дека соработувале со сирискиот режим. Засега немало извештаи дека тие почнале да го уништуваат античкиот дел од градот. Последните освојувања значат дека милитантите сега под своја контрола имаат половина од територијата на Сирија.

XS
SM
MD
LG