Достапни линкови

Дачиќ: кризата во Македонија проблем за ОБСЕ и за регионот


Политичката и безбедносната криза во Македонија претставува проблем за ОБСЕ, но и за целиот регион, оцени шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ кој е претседавач на ОБСЕ. Тој додаде дека во случајот со Македонија, како и порано со Украина, откажал системот на рано предупредување како еден од инструментите на ОБСЕ. Според него, проблемот во Македонија може да се реши со политичка волја и давање европска перспектива на таа земја. „Во Скопје веќе се одвива локален дијалог меѓу четворица политички лидери во присуство на меѓународни претставници кој мора да продолжи“, оценува Дачиќ кој вчера разговарал со специјалниот претставник на ОБСЕ за Западен Балкан Жерар Штудман кој во минатата недела престојуваше во Македонија.

XS
SM
MD
LG