Достапни линкови

Заев: разговорите надеж за можно решение


„Самите разговори даваат надеж дека е можно да се најде решение“, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во врска со дијалогот со премиерот и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски со посредство на високи европски претставници, меѓу кои и еврокомесарот за разговори за проширување Јоханес Хан. „Тие детално се запознати со ситуацијата во Македонија, а се договоривме дека и албанските политички партии треба да партиципираат во преговарачкиот процес, доколку тој биде отворен“, рече Заев наведувајќи дека меѓународната заедница ќе се вклучи и во лидерските преговори кои се одвиваат во Скопје под медијаторство на амбасадорите на САД и на ЕУ и очекува меѓународната заедница да испрати свој претставник кој ќе биде гарант за се што ќе биде договорено на овие лидерски средби.

XS
SM
MD
LG