Достапни линкови

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во северните и источните делови. Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 23 до 30 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 28 степен.

XS
SM
MD
LG