Достапни линкови

Обама-Не е загубена битката со ИД во Ирак


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека падот на ирачкиот град Рамади во рацете на милитантите на Исламската држава е тактички чекор наназад. Но, според него битката против милитантите не е загубена. Тој порача дека нема сомнеж оти сунитските реони се на нивна страна, но тие мора повеќе да се активираат и да бидат вклучени во борбите.

Изјавата на Обама доаѓа откако милитантите на Исламската држава ја преземаа контролата врз Рамади минатата недела, а вчера и врз античкиот град Палмира. Обама нагласи и дека американската војска ќе продолжи да им дава помош на ирачките сили со цел да се осигура безбедноста на земјата.

XS
SM
MD
LG