Достапни линкови

Владиниот авион принудно слетал во Цирих


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Владиниот авион со кој патувала делегацијата предводена од премиерот Никола Груевски принудно слетал во Цирих. Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев вели дека според првичните информации на враќање од Стразбур се случил дефект во лет на владиниот авион во кој бил премиерот со своите соработници по што авионот бил принудно слетан во Цирих.

"Според информациите што ги имам присутните во авионот велат дека се слушнале гласен и продорен звук по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок, а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да проба да го намали притисокот и по протокол за вакви ситуации да го слета авионот на најблискиот аеродром" вели Ѓорѓиев.

Тој додава дека патниците во авионот се добри а дека надлежните служби требало да ги преземат сите дејствија за утврдување на фактите.

XS
SM
MD
LG