Достапни линкови

logo-print

Хорот „Про арс“ со прв концерт од циклусот „Јубилеи“


Хорот Про Арс и диригентот Сашо Татарчевски.

Хорот Про Арс и диригентот Сашо Татарчевски.

Професионалниот мешан хор „Про Арс“, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, овој петок, на 22 мај, со почеток во 20 часот, во Музејот на Македонската борба за самостојност и независност, ќе одржи концерт посветен на пет македонски композитори кои во 2015 година слават годишнини од раѓањето. Ова е прв настап од циклусот „Јубилеи“, а ќе бидат изведени композиции од Стефан Гајдов, Панче Пешев, Властимир Николовски, Кирил Македонски и Томе Манчев.

Со идеја да им се оддаде достојна почит на петтемина македонски композитори чии годишнини од раѓањето ќе бидат одбележани во текот на 2015, професионалниот мешан хор „Про Арс“, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, се реши овој петок да одржи концерт во Музејот на Македонската борба за самостојност и независност. Ова ќе биде прв настап во рамките на мини-циклусот „Јубилеи“, а програмата е составена од одбрани композиции на Стефан Гајдов (110 години од раѓање), Панче Пешев (100 години од раѓање), Властимир Николовски (90 години од раѓање), Кирил Македонски (90 години од раѓање) и Томе Манчев (65 години од раѓање).

Како човек кој имал можност да ги запознае скоро сите овие автори, освен Панче Пешев, на еден или на друг начин, почувствував потреба едноставно да организираме еден ваков концерт на кој што ќе се прослават овие јубилеи бидејќи, во секој случај, Македонија нема преголем број на автори кои што пишувале музика за хор и затоа тие што се сметам дека треба достојно да се испочитуваат.

„Како човек кој имал можност да ги запознае скоро сите овие автори, освен Панче Пешев, на еден или на друг начин, почувствував потреба едноставно да организираме еден ваков концерт на кој што ќе се прослават овие јубилеи бидејќи, во секој случај, Македонија нема преголем број на автори кои што пишувале музика за хор и затоа тие што се сметам дека треба достојно да се испочитуваат“, вели диригентот Татарчевски.

Диригентот Сашо Татарчевски.

Диригентот Сашо Татарчевски.

Говорејќи за програмата, тој забележува дека се обидел да избере композиции коишто во најдобро светло ќе го покажат пристапот и односот на овие пет македонски музички творци кон пишувањето музика за хор.

Оваа година, некаде на почетокот на април, излезе саундтракот од еден навистина високобуџетен филм со екипа составена од оскаровци. Се вика „Snow Girl and the Dark Crystal“. Се работи за кинеска 3Д-фантазија во режија на Питер Пау, којшто е добитник на оскар за соработката во „Crouching Tiger, Hidden Dragon“. Целата таа екипа со композиторот Хавиер Наваро и оркестраторот Николас Дод, беше на снимањето и беа презадоволни од изведбата на „Про Арс“. Тогаш снимивме 22 нумери и сметам дека тоа ни е еден исклучително успешен и значаен проект.

„Тоа што ќе може да се забележи е фолклорната нитка кај сите нив, освен можеби кај Пешев но прикаската со него е малку поинаква. Публиката на концертот покрај тоа што ќе може да ги чуе одбраните композиции ќе има можност и малку поблиску да се запознае со животот и работата на композиторите бидејќи на самиот настап ќе има и презентација за секој поодделно - во кратки црти она што е најбитно за нивното битисање и остварувања. Ова го правиме бидејќи заклучив дека многу често за поголемиот дел од публиката, па дури и за студентите по музика, имињата на композиторите остануваат само имиња без воопшто мнозина да се заинтересираат или да знаат едноставно кој и што стои зад тоа име. Кој е тој човек? Каков карактер имал? Каква оставина има зад себе? Што направил? Какви композиции пишувал? Ете затоа се решивме за таквиот концепт“, вели Татарчевски.

Диригентот дополнува дека циклусот „Јубилеи“ продолжува со концертот посветен на 100-годишнината од раѓањето на еден од најзначајните руски композитори коишто имаат дадено особен придонес во хорската литература – Ѓорѓи Свиридов.

Инаку, хорот „Про Арс“ е формиран 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски по анализата која покажала дека на македонската концертна сцена недостасува професионален хорски ансамбл способен за квалитетна изведба на широк и разновиден репертоар.

Во текот на изминатите четири години хорот оствари неколку самостојни концерти со уметничка хорска музика, потпиша неколку несекојдневни изведби на респектабилните културни манифестации како „Охридско лето“ и „Денови на македонска музика“, тука се и работилница за млади композитори, неколкуте соработки со музичари од поп сцената како и студиски снимки за едукативни програми и за високобуџетни светски филмови.

„Оваа година, некаде на почетокот на април, излезе саундтракот од еден навистина високобуџетен филм со екипа составена од оскаровци. Се вика „Snow Girl and the Dark Crystal“. Се работи за кинеска 3Д-фантазија во режија на Питер Пау, којшто е добитник на оскар за соработката во „Crouching Tiger, Hidden Dragon“. Целата таа екипа со композиторот Хавиер Наваро и оркестраторот Николас Дод, беше на снимањето и беа презадоволни од изведбата на „Про Арс“. Тогаш снимивме 22 нумери и сметам дека тоа ни е еден исклучително успешен и значаен проект“, вели Татарчевски.

Кон ова само уште информацијата дека Татарчевски и „Про Арс“ есенва ќе одржат уште еден концерт со нови композиции коишто беа избрани на конкурсот на СОКОМ и композиции од домашни автори кои што се напишани, но никогаш досега не биле изведувани.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG