Достапни линкови

logo-print

Убиени 15 милитанти во Пакистан


Пакистанските разузнавачки служби соопштија дека најмалку 15 милитанти загинале во воздушните напади во покраината Северен Вазиристан. Нападите се случиле во долината Шавал, која е клучна рута за шверц меѓу Авганистан и Пакистан. Талибанците порано ја имаа контролата врз покраината. Но пакистанската војска започна со спроведување операции од јуни минатата година, при што воспостави контрола на поголемиот дел од Северен Вазиристан.

XS
SM
MD
LG