Достапни линкови

logo-print

Митревски повторно на чело на ССМ


Живко Митревски

Живко Митревски

Живко Митревски е повторно избран за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија на конгресот во Охрид на кој денеска се бираше новото раководство. За изборот на новото раководство гласаа сите присутни 98 делегати од 17 гранкови синдикати. Митревски лидерската функција ја извршува од октомври 2010 година.

Митревски меѓу другото истакна дека ќе се залага за понатамошно подобрување на социјалната и материјалната положба на работниците и граѓаните, доследно почитување и примена на работничките права на сите нивоа, елиминирање на опасноста од нееднаквост на работниците, елиминирање на разликите во третманот на работниците во приватниот и јавниот сектор, анализа на законите кои предизвикуваат грижа и нерамноправен третман на работниците во приватниот сектор и државната администрација.

XS
SM
MD
LG