Достапни линкови

Русија ја зголемува воената соработка со Ирак


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите со ирачкиот премиер Хаидер ал Абади, кој е во посета на Москва изјави дека двете земји ќе ја прошират воената соработка. Путин го нарече Ирак долготраен и сигурен партнер во регионот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави претходно пред да почнат разговорите дека Москва е подготвена да го снабди со оружје Ирак со цел да му помогне во борбата со милитантите на Исламската држава. Според него, помошта од Русија за Ирак е без никакви предуслови.

XS
SM
MD
LG