Достапни линкови

logo-print

ХРВ против законот за „странски агенти“ во Киргистан


Хјуман Рајтс Воч ги повика киргистанските пратеници да не гласаат за законот со кој се бара домашните невладини организации кои добиваат пари од странство и кои се вклучуваат во политички активности да се регистрираат како странски агенти. Според соопштението на организацијата, такво несоодветно и неоправдано мешање нема да биде во согласност со правото на слобода на здружување. Доколку законот се усвои, како што наведуваат тоа ќе ја стигматизира работата на невладините организации во земјата.

XS
SM
MD
LG