Достапни линкови

Оскудни информации и многу шпекулации за нападот во Куманово


Апсење на терористичка група во Куманово.

Апсење на терористичка група во Куманово.

Македонските власти лошо ги преброија телата на загинатите во Куманово од страна на вооружената група, прво рекоа дека се 14, па после 10. Косовските власти се жалат дека немаат доволно информации за тоа што се случувало. Во меѓувреме телата ќе бидат испратени во Приштина.

Телата на убиените девет косовски Албанци кои загинаа во судирите со македонската полиција ќе бидат испратени во Приштина, потврдуваат официјално од македонското Mинистерство за надворешни работи.

Косовската полиција нема доволно официјални информации во врска со инцидентот во Македонија. Информацијата којашто на косовската полиција и е доставена е потврда на идентитетот на косовските граѓани коиштo беа дел од вооружената група и кои беа приведени и убиени.

Министерството ја извести Косовската амбасада дека е завршена обдукцијата на деветте тела кои согласно прописите ќе бидат транспортирани на Косово.

Иако на прес-конференција, откако заврши акцијата во Куманово, премиерот Никола Груевски информираше дека 14 припадници на вооружената група биле убиени, од Јавното обвинителство потврдуваат дека се работи за десет тела кои биле пронајдени мртви на местото на настанот. Од Обвинителството велат дека се работело за грешка во пребројувањето, уверувајќи дека оттаму никогаш не објавуваат информации додека не се направи увид од официјален претставник на Обвинителството.

По акцијата во Куманово, премиерот Никола Груевски информираше дека се убиени 14 припадници на вооружената група, но од Јавното обвинителство потврдуваат дека се работи за десет тела.

По акцијата во Куманово, премиерот Никола Груевски информираше дека се убиени 14 припадници на вооружената група, но од Јавното обвинителство потврдуваат дека се работи за десет тела.

Бидејќи обдукцијата и идентификацијата на телата веќе е завршена, почната е постапка на нивно предавање на семејствата.

Во меѓувреме косовските медиуми јавуваат дека нивните власти испратиле протестна нота до македонските власти поради недостигот на информации за вклученоста на косовски граѓани во инцидентот. И од косовската полиција потврдуваат дека немаат доволно информации за инцидентот во Куманово.

Не се работи за грешка, се работи за политичари и популизам кој во првиот момент сакаат да покажат нешто поголемо, успешна акција, поголем број терористи се уништени отколку наши специјални сили.

„Косовската полиција нема доволно официјални информации во врска со инцидентот во Македонија. Информацијата којашто на косовската полиција и е доставена е потврда на идентитетот на косовските граѓани коиштo беа дел од вооружената група и кои беа приведени и убиени“, се вели во одговорот од косовската полиција.

Меѓудругото додаваат дека генерално имаат добра соработка со македонските власти и полицијата, а како пример ги наведуваат и последните заеднички патроли долж границата. Сепак уште еднаш потврдуваат дека во случајот со Куманово ги немале потребните информации.

Упатените во оваа област пак велат дека соработката меѓу двете полиции во последните години не е баш најдобра, особено по случајот Монструм.

Во таа ситуација видовме дека нешто не штима во таа соработка, кога беше делот на екстрадиција на лицата кои требаше од Косово да бидат екстрадирани во Македонија поради судење. Тогаш сфатив дека нешто не штима во таа соработка иако министерката Јанкулоска не уверуваше дека имаме прекрасна соработка. Овие соработки мора да продолжат во интерес на безбедноста на граѓаните на сите земји во регионот зошто правовременото информирање за добиени сознанија за можни вакви инциденти вредат злато, вели поранешниот разузнавач Владимир Пивоваров.

Според него, пак, сомнежи во целата комуникација и начинот на кој се водат постапките фрла и погрешната информација околу бројот на убиените во акцијата во Куманово.

„Не се работи за грешка, се работи за политичари и популизам кој во првиот момент сакаат да покажат нешто поголемо, успешна акција, поголем број терористи се уништени отколку наши специјални сили. И тука е главниот проблем. Тој популизам доведува до големи заблуди, а воедно и уште поголеми шпекулации за она што се случило во Куманово“, вели Пивоваров.

Инаку вчера во Приштина се одржаа протести на кои роднините на загинатите побараа од македонските и косовските власти официјално известување дали нивните роднини се загинати или уапсени и што се случувало во Куманово.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG