Достапни линкови

Бизнис заедницата стравува од можен банкрот


Архивска фотографија - Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

Архивска фотографија - Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

Опозицијата и власта не смеат да си дозволат ривалитет и натаму заборавајќи дека ја сечат гранката врз која седат, а како резултат на тоа државата да западне во банкрот, велат од бизнис заедницата.

Бизнис заедницата здружено упати барање заедно со политичарите да направат сè што може за да се избегне можен банкрот. Продолжувањето на политичката криза ќе ги намали изгледите да ја превенираме опасноста македонската држава да западне во банкрот, изјави претседателот на Северо-западната комора Мендерес Кучи кој на заедничката прес - конференција со останатите Стопански комори изрази загриженост дека негативното влијание од политичката состојба веќе е видливо преку откажување инвестиции од надвор и откажани аранжмани.

Секако ако секој ден трошите, а не додавате, немате нови вредности, банкротот ви е тука.

„Ние тоа го гледаме малку порано од сите други. Не треба некој да ви каже ви се случи тоа. Ние преземаме мерки да не ни се случи. Секако ако секој ден трошите, а не додавате, немате нови вредности, банкротот ви е тука.“

Кучи најави дека во наредниот период тие ќе испорачаат мерки кои треба да иницираат нормализација на економско политичката ситуација.

Архивска фотографија - Обраќање на премиерот Никола Груевски пред бизнис заедницата во Скопје.

Архивска фотографија - Обраќање на премиерот Никола Груевски пред бизнис заедницата во Скопје.

Опозицијата и власта не смеат да си дозволат ривалитет и натаму заборавајќи дека ја сечат гранката врз која седат, бидејќи последиците ќе ги почувствуваме сите, а тие тоа ќе го видат кога државната каса ќе стане празна, а веќе се согледуваат знаци кои иницираат на тоа, рече Кучи.

Секој си спомна свој пример на заедничката средба дека се откажани инвестиции кои биле пред потпишување. Такво искуство имам и јас.

На денешната средба претставниците од сите Стопански комори констатирале дека политичката криза има негативно влијание врз стопанството и врз домашните и врз странските инвестиции и дека ризикуваме како земја од безбедносни причини да не ни се вратат печалбарите кои се стимул за потрошувачка и обезбедуваат стабилност на дел од девизните резерви.

„Ако немаме туристи, ако немаме производство, нормално ако имаме помал увоз, а за првпат имаме помал увоз и ако имаме помал извоз, станува збор за појава која со тенденција оди надолу. И оттука е нашата вознемиреност и сите како комори гледаме исто на ситуацијата“, рече Кучи.

Откажани се инвестиции кои биле пред потпишување рече Кучи, дополнувајќи дека мерките кои планираат да ги преземат се однесуваат во прв план на монетарната политика, но нагласи дека најпрвин треба да се отстрани генераторот на политичката криза.

„Секој си спомна свој пример на заедничката средба дека се откажани инвестиции кои биле пред потпишување. Такво искуство имам и јас. Сакаме да го тргнеме елементот кој е генераторот на кризата, а потоа да зборуваме за конкретни мерки во макроекономски план. Ние мислиме дека нема повеќе време да одложуваме“, рече Кучи.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG