Достапни линкови

logo-print

Украина ја прекинува воената соработка со Русија


Украинскиот Парламент гласаше позитивно за прекинување на воената соработка со Русија со што се укинаа пет меѓу владини договори, меѓу кои и дозволата за Москва да испраќа безбедносни сили преку земјата до Трансдњестер. Законодавците гласаа и за прекинување на договорите за разузнавачка соработка и заедничка заштита на класифицирани информации, како и транспортот на воена опрема и купување оружје.

XS
SM
MD
LG