Достапни линкови

Меркел-Незамисливо враќањето на Русија во Г7


Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека враќањето на Русија во групата Г7 е незамисливо се додека земјата не ги исполни основните вредности на демократијата и меѓународното право. Меркел ја даде изјавата за време на говорот во германскиот Парламент и пред да отпатува за Рига каде ќе присуствува на Самитот на источното партнерство.

Таа порача дека на Г7 гледаат како на заедница на вредности, односно заеднички да работат на слободата, демократијата и владеење на правото. Тоа, според неа значи и почитување на територијалниот интегритет на земјите, а улогата на Русија во Украина е спротивна на таквите заложби.

XS
SM
MD
LG