Достапни линкови

Русија страхува од сериозен конфликт во Македонија


Андреј Келин

Андреј Келин

Внатрешната политичка криза во Македонија би можело да прерасне во сериозен конфликт. Ова го изјави Андреј Келин, постојан претставник на Русија во ОБСЕ. „Иако е во тек дијалог меѓу лидерите на владејачката и на опозициската партија не може да се види крајот на кризата. Сериозно страхуваме дека таа може да прерасне во сериозен конфликт“, оценува Келин, изразувајќи надеж дека од најавената денешна средба на претседавачот на ОБСЕ шефот на српската дипломатија Дациќ со специјалниот претставник за Западен Балкан Штудман ќе резултира со извесни иницијативи за решавање на кризата.

XS
SM
MD
LG