Достапни линкови

САД ќе испратат антитенковско оружје во Ирак


Соединетите држави во идниот месец ќе испорачаат антитенковско оружје во Ирак за справување со самоубиствените напади на милитантите на Исламската држава. Такви напади, како што изјави висок претставник на Стејт департментот, им помогнале на милитантите да го заземат градот Рамади. Овој потег доаѓа во време кога растат критиките на републиканците за тоа како Белата куќа ја води војната против милитантите на Исламската држава. Во Вашингтон почна да се дискутира за потребата од менување на американската стратегија во Ирак.

XS
SM
MD
LG